Мегафон Овој петок:

Љубов и вино зачинети со гласот Павле Камилоски во Intermezzo music bar

Љубов и вино зачинети со гласот Павле Камилоски во Intermezzo music bar

Се вели убавите нешта одат во пар – а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на уникатниот Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски – одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок.
Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија.


Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања.
„Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar.

Камилоски со проектите „Мала Италија“ и „Come fly with me“ освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред сè, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број.

Павле Камилоски, петок 21 часот, Intermezzo music bar. Денот на вљубените дефинитивно никогаш не звучел подобро!

To top