Во Лос Анџелес се одржа второто издание на 92-то издание на доделување на Оскарите, а неколку недели пред тоа фановите се прашуваа дали Бред Пит ќе се појави заедно со Џенифер Анистон.
Меѓутоа, тоа не се случи бидејќи Џенифер не присуствуваше на церемонијата. И додека многумина мислеа дека нема да се сретнат таа вечер, сепак тие се поздравиле на забавата која следела по доделувањето на Оскарите.

Тие се фотографирано како разделно пристигнуваат на забавата, но како што пишуваат медиумите тие се сретнале и љубезно се поздравиле.
Џенифер ја искористила приликата за да му честита на Пит за освоениот Оскар за најдобра споредна улога.
Инаку, Џенифер и Бред повторно се најдоа во центарот на вниманието кога се сретнаа на доделувањето на „Злаген глобус“.