Една од најпознатите јутуберки на светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Џегер (25) која на Јутуб е позната под името NikkieTutorials ќе биде една од водителките на овагодинешното издание на Еврвозија кое ќе се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам.
Ники на 65-то издание за Избор на Евровизија ќе известува преку интернет, пишува на официјалната страна на Еврвовизија. Таа ќе снима и посебна Јутуб емисија од бекстејџот заедно со учесниците кои учествуваат, во текот на отварањето на церемонија ќе извествува од црвениот килим и ќе се појави во сите три вечери.
Неа ја поддржа и победникот на Евровизија, пејачот Данкан Лоренс.
„Драга Ники, и тоа се случи. Се сеќавам кога разговаравме за тоа, Се смеевме, сонувавме и стискавме палци. А сега, ти си оналјн водителка на Евровизија. Се гордеам со тебе, се гледаме во мај“ напиша Данкан на Инстаграм.
„Од моментот кога победи Данкан во Тел Авив, имав само една желба: да се вклучам во холандското издание на Еврвовизија. Кога на крајот од претходната година ми се обратија по тој повод, бев многу возбудена. Навстина се радувам што ќе доживеам еднко вакво искуство“ изјави Ники.
Популарната Јутуберка пред еден месец во видео на својот Јутуб призна дека е трансродна.
„Одлучив да ја преземам контролата над ситуацијата и сама да ја објавам. Тоа е нешто што отсекогаш сакав да го споделам со вас“ вели Ники.
Таа додава дека со ова признание ништо нема да се промени и дека таа и понатаму е старата Ники.
„Планетата е полна со разни етикети, а јас никогаш не ги сакав. Отсекогаш сакав да бидам јас, човеково сушество. Но, ако мора да доделиме етикета, тогаш јас сум трансродна. Родена сам како машко. Затоа годината ја започнувам со дел од животот кој ме обликуваше. Конечно ќе бидам слободна“ додаде Ники.
За потсетување, оваа година Македонија на Евровизија ќе ја претставува Васил Гарванлиев.