Катарина Грујиќ премиерно ја претстави новата песна и видеоспот за неа нсловена „Машка ку*ва“, проект за кој одвоила дури 20.000 евра!
Блиски извори на пејачката велат дека се работи за инспирација од вистинска случка, која неодамна и се случила на пејачката со едно нејзино бившо момче.
Пејачката наводно, поминала низ драма кога поранешното момче и побарало 35.000 евра, велејќи дека итно му требаат пари и дека бргу ќе и ги врати.
„Катарина и тој беа во врска само неколку месеци, но се чинеше како да биле заедно цел живот. Тие беа толку врзани и блиски што тој се пресели од Будва во Белград заради неа. Иако, наводно, тој имал пари, во еден момент и се пожалил на Каќа дека сака да купи гарсоњера од 30 метри квадратни на Вождовац и дека веднаш му требале 35.000 евра на заем“ – раскажал извор за српски „Свет“, пренесуваат останатите регионални медиуми.
„Бидејќи имала заштедено пари од нејзините настапи, таа се понудила да му позајми се’ додека не му легнат парите кои наводно ги очекувал. И рекол дека ќе и ги врати веднаш штом добие прилив на сметка, но таа сепак го натерала да го види станот и да и го покаже договорот.
Ја однел, но станот воопшто не бил на продажба, а договорот не бил купопродажен, туку само вешто направен договор за изнајмување. Набргу потоа, Каќа започнала да се сомнева дека ја изневерува и дознала дека нејзиното момче е во паралелна врска, по што секако, таа веднаш го оставила“, додава изворот.
„Но парите, нкогаш не и ги врати“ – додал изворот.
Токму најновото високобуџетно видео на катарина Грујиќ говори за богата девојка која во измама го фатила момчето, но таа многу брзо му подготвила одмазда, и тоа ни помалку ни повеќе туку со пет презгодни мажи!
„Одличниот фотограф и режисер Миомир Милиќ направи буквално филмска приказна која ги следи зборовите на песната која е брутална! За жал, вистината е и секој од нас може да се најде во ваква систуација“ – вели Катарина Грујиќ, повикувајќи да го погледнете спотот „Мушка ку*ва“.