Водителката Јелена Спенџарска освен тоа што може да ја гледаме на ТВ екраните, таа е и активна на социјалните мрежи каде редовно постира фотографии.
Како инфлуенсерка редовно ги известува своите фанови за нејзините активности, ангжмани, нови проекти, ги известува како се храни, каков ден имала, им дели совети за вежбање, совети за самодоверба и слично.
Освен тоа, водителката е и заштитно лице на неколку брендови, па на своите профили често рекламира и одредени производи.
Меѓутоа, деновиве таа ги извести своите фанови со една прекрасна вест истакнувајќи дека и се исполнил сонот. Имено, Јелена откри дека добила виза за Америка, но доколку си помисливте дека водителката ќе се исели и ќе живее далеку од Македонија, се лажете.
Таа појасни дека оди на патување, им порача на нејзините следбеници да веруваат бидејќи секој сон може да биде реалност.
Никогаш не сум била во Америка, не зашто не сум сакала, туку едноставно чувствував во себе дека не ми е вистинското време за таму. Не знам како конкретно да ви го објаснам ова. Нешто ми кажуваше да почекам зашто денот кога ќе стапнам таму ќе биде буквално остварување на се што претходно си имам замислено за себе и својот живот. Чекав многу години и слушав разни ваши приказни каде сте биле, како сте поминале, што сте виделе и доживеале и никогаш не бев нестрплива и никогаш не се запрашав кога ли е моето време. Никогаш. Само знаев дека ќе дојде.
Бев на интервју кај една толку прекрасна госпоѓа во амбасада која со насмевка ме праша неколку прашања поврзани со моето патување таму. Не поминаа ни пет минути, а јас веќе слушнав од неа – Enjoy your stay !
Така се насмеав од срце, излегов од просторијата и тие отприлика сто скали до другата просторија кај што ми беа личните работи ги поминав со солзи во очите. Надвор истураше, а мене ми беше преубаво. Немате појма колку бев возбудена и колку му бев благодарна на животот за тоа мало зелено ливче кое го имав во рацете на кое пишуваше visa approved !
Знам дека сега ќе си речете – ‘Еее голема работа добила виза’ , но не е баш така. Јас емотивно сум врзана за оваа виза и таа е голем, голем дел од мојата душа и уште поголем зашто се случува во вистинско време кога во мојот живот се случуваат големи трансформации. Не се селам, да се разбереме, одам малку да прошетам и да одморам ?. Уште поинтересно е што тој одмор ќе биде на океан, во бикини ? практично уште еден сон кој ми се остварува од години нананзад. Одиме со сестра ми и Љубљана во недела наутро. Ќе биде забавно долгото патување со малата со оглед што се ја интересира и се сака да види и да фати ? Имам толку многу да напишам, но би сакала да скратам.
Само сакам да знаете: – Можеш да бидеш СЕ што ќе посакаш! – Можеш да имаш СЕ што ќе посакаш! – СЕ во животот е возможно!
California, here we come“, напиша Спенџарска.
Водителката ги спакува куферите и замина во Америка, а веруваме дека сигурно преубаво ќе си помине, но сигурно ќе ги почести и следбениците со некоја фотографија и ќе им покажа како ужива далеку од дома.