Радио Милева бесценети моменти

Гордата „тетка од училишните клупи“: Мартија Станојковиќ доби внуче… по втор пат! (ФОТО)

Гордата „тетка од училишните клупи“: Мартија Станојковиќ доби внуче… по втор пат! (ФОТО)

Таа важи за најпознатата и најпопуларна музичка тин ѕвездата во Македонија. Иако се’ уште средношколка, Мартија Станојковиќ е повеќе од позната и популарна, особено меѓу својата генерација и нешто помладите од неа. Се разбира, нејзиното време допрва доаѓа, а тоа младата кумановка го докажува од ден на ден со сепоатрактивниот изглед кој содветно на возраста ја претвора од „клинка“ во зрела, убава и згодна девојка, но и со се’ помоќниот вокал и нејзините песни.

И додека Мартија чека нејзините „пет минути“ да дојдат во вистинска смисла на зборот, нејзините брат и сестра кои се повозрасни од неа не чекаа! Не чека ниту времето, па затоа откако лани во јуни претходно играше на свадбата кај брат и…

…А, неколку месеци подоцна и пееше на свадбената веселба и на нејзината сестра, а тоа го овековечи со видео.

Имено, таа им ја отпеа на младите песната за првиот танц. А зарем можеле нешто поубаво да одберат отколку нејзината балада „Те сакам“…

Не мина долго, Мартија доби внуче… Како и сега, кога се пофали дека станала горда тетка… И тоа по вторпат!

„Убавец на тета… најсреќна тетка на светот сум. Едно од  бато, и еве уште едно од дада. Честито“ – беа зборовите со кои младата кумановка ја опиша својата среќа.

Бебенцето што Мартија го покажа и го држи во рацете е новороденото внуче од нејзината сестра, а својата радост и неописива среќа, младата пејачка  ја опиша со една реченица покрај фотографијата на  бебето:  „Ваквите моменти се бесценети“!

И навистина е така! Тоа гордата “тетка од училишните клупи“ најдобро го знае! Конечно, насловот на нејзината свадбена песна најмногу важи и за новата принова… „Те сакам“!

 

To top