Радио Милева

Славица Чуктераш неодамна се разведе, а сега откри дали е подготвена за нова љубов

Славица Чуктераш неодамна се разведе, а сега откри дали е подготвена за нова љубов

Пејачката Славица Чуктераш се разведе по пет години брак, а призна дека се борела и со анксиозност.

Славица се разведе од голманот Владимир Аврамов, а како што вели, нема ново момче и не е подготвена за нова љубов.

фото: Инстаграм

„Немам ново момче. Не излегувам. Но и да имам некој удварач, џабе е, јас не сум подготвена за нешто ново. Не знам што би требало да направи тој човек за да ме освои“ вели Славица.

Славица откри дека главна причина за нивниот брак е кариерата.

„Каков е животот без работа? Кој може да биде среќен, а да не прави ништо? Сфативме дека ни јас, ни тој не треба да се откажуваме од кариерите бидејќи нема да бидеме исполнети. Кога жената не е среќна, не може да биде добра мајка, сопруга, пријателка“, вели Славица.

фото: принтскрин/инстаграм

На кого припадна старателството?

„На мене. Се се заврши во минута ипол. Ние дури не бевме во суд, се решивме преку адвокатите“ вели Чуктераш.

To top