Меган Маркл и принцот Хари неодамна го напуштија кралското семејство и одлучија да водат независен живот. Токму поради оваа нивна одлука тие со денови главна тема во сите медиуми.
Меѓутоа, исто така се шпекулираше дека Кејт и Вилијам не се во најдобри односи. Сепак, последните фотографии од парот го покажуваат спротивното.
Војвотката и војводата се фотографирани во Велс каде што живеат од првиот ден по нивната свадба.
Имено, папараците ги фотографирале во една слаткарница каде јаделе сладолед, а Кејт Мидлтон цело време заљубено гледала во својот сопруг.
Најновата фотографија брзо се прошири низ социјалните мрежи, а нивните фанови коментираа дека нема ништо од кризата во бракот.
„Треба им време да бидат сами“, „Преубав пар, погледнете како го гледа“, „Прекрасно“ се само некои од коментарите.