Новинарката на ТВ Сител, Наташа Мерсовска објави најнови фотографии од својата ќеркичка Каја. И тоа не случајно, зашто имаше нов, голем повод за честење.
Имено, малата убавица прооде, ги направи првите чекорчиња, а по тој повод среќната мајка беше и вредна домаќинка, па подготви преубави колачиња кои го симболизираат првиот чекор на нејзината мала принцеза.
„Лесни чекорчиња мило мое“- и посака Мерсовска на својата ќеркичка во емотивната објава покрај споделените фотографии.
Прва која ги вкуси слатките колачиња на мама во вид на детски стапалчиња, беше самата Каја.
Ем шарени, ем вкусни, им се радуваше исто како што нејзините родители и најблиски им се радуваа на нејзините први чекори.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/novinarkata-na-sitel-pokaza-kolku-lichat-so-novorodenata-kjerkichka-kaja-e-kopija-na-mama-foto/