Радио Милева

Главата од куклата на Лепа Брена заврши на аукција, а еве која е почетната цена

Главата од куклата на Лепа Брена заврши на аукција, а еве која е почетната цена

Лепа Брена е една од најголемите регионални ѕвезди, а врвот на славата го доживеа во текот на 80тите кога и доби сопствена кукла со нејзиниот лик.

Во тогашниот период, немаше некој кој ја нема куклата на Лепа Брена, а таа е популарена и денес.

Имено, еден колекционер одлучи да продаде четири глави од куклата на пејачката за една цела кукла од Лепа Брена. Една глава се продава по цена од 99 динари (49.5 денари).

„Лепа Брена, глава за кукла“ стои во описот.

фото: Принтскрин/аукција

На фотографијата може да се забележи дека главата на Лепа Брена ја нема русата коса по која е препознатлива.

Цената по глава изнесува 99 динари, но изгледа уште нема заинтереснирани.

Меѓутоа, изгледа дека има и заинтеренсирани колекционери кои сакаат да ја продадат целата кукла од Лепа Брена заедно со главата, телото, гардеробата, а почетната цена е 2 999 динари.

фото: Принтскрин/аукција

Брена пред 30 години ја лансираше својата кукла, а откри што ја инспирирало на тој потег.

„Кога бев девојче сакав да имам фотографија од личноста која ја сакам. Подоцна се појавија кукли. Кога знам колку девојчиња ми пишуваат и ми се исповедуваат како да сме најдобри другарки, куклата со мојот лик беше наменета за нив“ вели Брена.

To top