Пред да стане популарен, српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ, наводно, со една девојка имал интересна љубовна ситуација во животот. Случка за која малкумина досега знаеле, но не и пошироката јавност, зашто случката датира уште од времето кога пејачот почнувал и не бил познат и популарен.
Имено, фолкерот, кој сега се смета за семеен човек, според изворот, пред неговото појавување во „Sвездите на Гранд“ и славата која подоцна ја достигна, сакал да биде со една девојка од околното село која многу му се допаѓала, но таа не му давала шанса да ја освои. Се обидел, но добил „корпа“ и таа ладно го откачила.
Подоцна, откако Дарко Лазиќ ќе победи во „Ѕвездите на Гранд“ и ќе стане многу популарен, тој имал мноштво настапи, меѓу кои една вечер пеел и во селото каде истата девојка дошла на неговиот настап.
Додека тој пеел, според изворот, истата девојка му пришла и со обете раце го прегрнала и почнала да го гушка.
Но, во следниот момент, откако Дарко ја препознал, ја оттурнал од себе, и на микрофонот ја запеал песната: „Каде беше кога јас бев никој? (Где си била кад сам био нико?)“, на што сите во клубот на девојката и се изнасмеале.