На Клои Симс (37), британската ријалити ѕвезда, јануарскиот студ воопшто не ѝ пречи, со оглед на комбинацијата во која се појави на доделувањето на Националните телевизиски награди, кои се одржале во Лондон во О2 Арена.
Атрактивната русокоса во прв план го стави бујното деколте, а црната тоалета со длабок изрез и уште подлабоко деколте, допринесе сите очи да бидат вперени кон неа.
Околу вратот имаше голем ѓердан, кој привлекува дополнителни погледи на нејзините силиконски гради, кои инаку сака да ги истакнува.
Инаку, Клои славата ја стекнала после појавувањето на британска телевизија и откако почнала да се дружи со славните личности од A-листата, како Парис Хилтон, а ја поврзувале и со поранешното момче на Памела Андерсон и фудбалерот Адил Рами, бидејќи биле забележани додека напуштаат еден хотел во Лондон.
Клои има една ќерка, Медисон, која ја добила додека била во романса со Ден Едгар.