Радио Милева

Џенифер Анистон по 15 години конечно призна: „Врескав од бес кога дознав за Анџелина и Бред“

Џенифер Анистон по 15 години конечно призна: „Врескав од бес кога дознав за Анџелина и Бред“

Џенифер Анистон (50) призна дека врескала од бес кога по нејзината разделба од Бред Пит ги видела фотографиите со Анџелина Џоли, жената поради која ја напуштил, пишува „Мирор“.

Холивудската актерка стави крај на бракот на 7 јануари 2005 година кога и дадоа заедничко соопштение за медиумите во кое негираа дека причина за нивната разделба е Анџелина Џоли. Сепак, само неколку недели по разводот, Пит е виден со Анџелина на една егзотична дестинација.

фото: гуливер/кевин винтер/имагедирект

Потврдата за нивната врска стигна во април кога Бред и Анџелина беа фотографирани на одмаралиште во Африка. Актерот дури ја презема и улогата на татко на нејзиниот посвоен син.

Подоцна, Џенифер во солзи даде интервју за еден магазин во кое зборуваше за пропастот на нејзиниот брак, но и за тоа дека Бред и рекол дека не ја напушта поради друга жена.

фото: тањугап

Потоа, призна дека редовно одела пред нивната куќа и врескала од бес.

„Можев само да одам до вода и да врескам. Не многу гласно. Не сакам луѓето да мислат дека сум луда, но тоа може да биде ослободително“ објасни Џенифер.

Кога ја прашаа да ја прокоментира врската меѓу Бред и Анџелина таа вели дека била потполно слепа што му верувала на актерот.

Таа откри дека била шокирана кога ги видела фотографиите од Анџелина и Бред,

„Светот беше шокирана и јас бев шокирана“ изјави Џенифер и откри дека болката поминала во тага.

Џенифер и Бред имаа историска средба на 26 доделување 26 доделување на „SAG Awards“, а фотографиите од нивната средба го заобиколи светот.

To top