Уште откако раскина со виолинистот Стјепан Хаусер, хрватската пејачка Јелена Розга е многу мистериозна за нејзиниот емотивен статус, и иако ја поврзуваа со некои мажи, таа тврди дека сè уште не го нашла вистинскиот.
Каде и да се појави Јелена Розга, таа воодушевува со нејзината харизма и атрактивниот изглед, па многумина се изненадени од фактот дека таа е долго време сама.
Некои медиуми шпекулираа дека Розга е во врска со мистериозен помлад маж, кој наводно е од Белград.
– Сè уште не сум го запознала. Ако го запознаам сега додека сум во Белград, ќе ти кажам. Ова е оној за кој се зборуваше, можеби ќе дојде и ќе каже: „Јас сум тој“ – се пошегува атрактивната пејачка и признава дека е осамена:
– Ми недостасува љубов, посакувам некој да ме пречека кога ќе се вратам уморна од патот. Но, ќе има време и за љубов, ќе дојде вистинскиот. Затоа имам прекрасни луѓе, пријатели и семејство кои се со мене.
Розга пред два дена ја објави песната „Свето писмо“, а пристигна во Белград за настап на музичката церемонија МАC каде одлично се забавуваше со колегите.