Радио Милева

Менаџерите ја дрогираат Бритни Спирс, а Шер сака да и помогне

Менаџерите ја дрогираат Бритни Спирс, а Шер сака да и помогне

Поп иконата Шер сака да ѝ помогне на колешката Бритни Спирс, која се бори на суд да ѝ биде укинато старателството кое нејзиниот татко го има над неа, како и правото на управување со нејзиниот имот.

Шер со денови апелира судот да ја ослободи, па и на Твитер навела дека контроверзното старателство, според неа, трае предолго.

Меѓутоа, пејачката која на оваа социјална мрежа често споделува отворени ставови за многу прашања – сега обелоденила за она што наводно е јавна тајна.

Шер тврди дека тимот на Бритни ја дрогира славната поп пејачка за да настапува т.е. за да „заработува пари“, со оглед дека е една од најуспешните музички личности во историјата на шоу бизнисот.

Бритни со своите пари и имот не може да управува уште од 2008-ма година, кога, после нервниот слом, тоа за неа почнал да го прави таткото Џејми, со помош на тим адвокати. Шер толку е окупирана со одбрана на колешката, што дури јавно се допишува со обожавателите на Бритни.

Неодамна било организирано сослушување во судот за старателството, но не стигнале информации до медиумите за што точно станало збор.

To top