Американците во матичната земја не сакаат да ги видат ниту најбараните српски пејачи. Зелена карта за влез во Америка со години им недостасува на Светлана Цеца Ражнатовиќ и на Аца Лукас. Ражнатовиќ е на забранетиот список уште од 2003 година, кога беше уапсена за време на кампањата „Сабја“. Како што се коментираше, во амбасадата на САД Цеца е заведена под шифра 401, што означува „тероризам и терористички групи“.
Медиумите кон крајот на минатата година објавија дека забраната е укината, дури и беше најавена турнеја низ САД. Како и да е, амбасадата на САД ниту ги потврди, ниту ги негираше овие информации, изјавувајќи дека тие не ги коментираат индивидуалните издавање на визите.
Кога станува збор за Лукас, Американците од него барале да направи тест на наркотици. Во декември 2018 година, тој откри за што станува збор.
„Точно е дека во процесот на добивање виза, бараа да направам тест за дрога. Бараа се’ и се’што само за да ме одбијат. Кога го направив тестот, урината покажа дека нема психоактивни супстанции во моето тело. Сепак, бев одбиен, наводно за семејно насилство… Решив повторно да аплицирам за виза во март, па ќе видам штоќе кажат! Жал ми е што публиката која ме сака остана ускратена за моите настапи!“ – се пожали Лукас.
Фото: принтскрин Инстаграм