Руската манекенка Ирина Шајк првпат по раскинувањето со Бредли Купер проговори за нивниот однос.
Моделот во едно интервју откри како фунцкионираат денес и колку е тешко да се воспитува ќерка без поддршка на едниот партнер.
„Мислам дека добрата врска не прави среќни луѓе, лошиот однос ги покажува најлошите особини. Ние не бевме еден за друг“ изјави Шајк и додава:
„Животот без него ми е различен, цел свет ми се сврте“.
Таа призна дека воспитувањето на детето како самохрана мајка и прави предизвик. Вели дека има и добри и лоши денови.
„Тешко е да најдам баланс меѓу тоа да бидам професионалец и самохрана мајка. Верувајте ми, има денови кога ќе се разбудам со страв дали ќе можам се да постигнам. Понекогаш мислам дека ќе се распаднам“ изјави манекенката.
Ирина и Бредли раскинаа по 4 годишна врска, а заедно имаат една ќерка.