Радио Милева

Шокантно признание на светски познатата пејачка: „Џастин Бибер ме злоставуваше!“

Шокантно признание на светски познатата пејачка: „Џастин Бибер ме злоставуваше!“

Пејачката Селена Гомез, која беше долги години во врска со Џастин Бибер ја отвори душата за американските медиуми и рече дека од него доживувала злоставување.

Селена, која своевремено се повлече од јавноста за да прави трансплантација на бубрег, моментално ги промовира своите нови песни, а една од нив е посветена токму на Џастин.

фото:селена гомез/инстаграм

„Тоа е песна за нашиот однос. Ние имавме нешто убаво, но во еден момент сето тоа стана премногу тешко. Беше грозно и мило ми е што заврши. Најдов сила во тоа што го доживеав затоа што опасно е да останеш во менталитетот на жртва. Но, доживеав злоставување до одредена мера“ – рекла Селена во новата песна “Lose you to love me”.

Таа не сакала да влегува во детали затоа што рекла дека надминала сè што доживеала со Бибер.

„Не сакам да се враќам на сето тоа. Ми беа потребни многу години за да разберам што ми се случи. Сега се чувствувам силно, доволно силно за да проговорам за тоа, но тоа не значи дека сакам да го направам тоа“ – рекла таа.

фото:ноел васкез/гети имиџис

Џастин неодамна објави дека боледува од повеќе пореметувања и напишал дека тоа влијае на неговиот изглед и однесување. Сепак тој сè уште не се огласил за да го прокоментира ова тврдење на Селена Гомез.

To top