Новата двојка на јавната сцена, Петар Стругар и Милица Тодоровиќ, привлекоа големо внимание во медиумите, а исто така протекоа и информации дека пејачката наводно е главната причина за раскинување на врската меѓу актерот и неговата поранешна девојка, Тамара Гавриловиќ.
Стругар, наводно, веќе два месеци и бил неверен на својата поранешна свршеница, дизајнер на ентериер и танчарка Тамара, со кого една и пол година бил во љубовна врска.
„Сите мислеа дека ќе се венчаат, но Милица се покажа“, изјави извор за српски „Телеграф“, додавајќи дека Тамара ги пронашла пораките на Милица во телефонот на Петар, по што таа се спакувала и го напуштила станот каде што живеела со актерот.
“После запознавањето, Петар започна да комуницира со Милица и секако, таа не ја познаваше Тамара. Набргу потоа, тие се сретнаа на вечера, каде што започна романсата. Како што одминуваше времето, Милица инсистираше на прекинување на врската, но тој не можеше.Му беше жал за Тамара, со која штотуку започнаа заеднички живот само два месеци пред тоа.Сепак, зголемувањето на отсуството од дома и криењето на телефонот направи Тамара да се сомнева, што се покажа како оправдано. Тамара и кажала на другарка дека слушнала како Милица се фали дека започнала романса со Петар, во што се убедила набргу потоа “, вели истиот извор.