Американскиот кошаркар и НЛБ легенда, Коби Брајант почиина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
Во несреќата со Коби, почина и неговата 13 годишна ќерка Џиана. Коби зад себе ја остави сопругата Ванеса и три ќерки.
Славниот кошаркар Ванеса ја запознал во 1999 година кога имал 21 година, а таа имала 17 години. Брајант заминал на разговор по повод снимање на неговиот дебитански музички албум, а во зградата ја сретнал Ванеса. Парот набргу станува неразделен, а по шест месеци Коби ја побара за сопруга.
Венеса поради врската со Коби изгубила важен дел од својот живот: бидејќи се уште одела во средно училиште, па не присуствувал на својата матурска вечер. Како што раскажа една нејзина роднина, Коби не сакал да потпише предбрачен договор бидејќи премногу ја сакал Ванеса.
Коби и Ванеса официјално запливаа во брачните води во април 2001 година. Како што пишуваа медиумите, на венчавката не присуствувале неговите родители, сестрите, долгодишниот советник и агент Арн Телем, како и соиграчите од Лејкерс.
Наводно, неговиот татко Џо и мајката Памела на неговиот брак со Ванеса се противеле од повеќе причини – најмногу поради тоа што кошаркарот се мажи толку млад, но и поради тоа што Ванеса не е Афроамериканка. Токму поради тоа, неговите родители не комуницирале со синот дури две години, односно се додека парот не ја доби својата прва ќерка.
Две години по нивната венчавка се случи уште еден скандал кој можеше да влијае на бракот на Коби и Ванеса.
Имено, вработена во еден хотел го обвинила кошаркарот за силување, а кошаркарот на пресконференцијата се појави со сопругата на која и се обрати со зборовите:
„Ти си мојата кичма. Ти си мојот благослов. Ти си дел од моето срце. Ти си воздух кој го дишем. Ти си најсилната жена која ја знам и ми е жал што ти и семејството морате да поминувате низ ова“ изјави Коби.
Тој призна дека имал односи со вработената, но потенцираше дека немало никакво силување.
Во 2005 година, Ванеса повторно беше бремена, но доживеа спонтан абортус, па Коби се обвинуваше себе си
По десет години брак, во 2011 година, Ванеса поднесе барање за развод, но потоа изненадија со веста повторно ќе станат родители. Кко што пренесуваа медиумите, парот сам се грижел за трите ќерки.
Во јуни претходната година, Ванеса и Коби станаа родители по четврти пат, повторно станаа родители на девојче, така да тие имаа четири девојки: Наталија, Џиана, Капри и Бјанка.
Претходната година парот прослави 20 години од нивната прва средба.