Пејачката Милица Павловиќ се фотографираше во провокативен фустан и објави неколку фотографии на Инстаграм.
Меѓутоа, кога таа го смени аголот – веќе ништо повеќе не беше поврзано сои стајлингот.
Поточно, на нејзината рака блескаше прстен за кој многумина сметаа дека е бурма. На овој начин, пејачката ги изненади своите фанови, а некои и бурно реагираа .
Додека жените продолжуваа да го фалат нејзиниот стајлиг, мажите генерално се жалеа дека таа „отиде (во брачните води) најмладата и најслатката“. Некој дури коментираше дека „тој е за неа“ и „ја запросува секој ден“, но Милица воопшто не одговори.

Таа веројатно уживала во тишината и во комплиментите на сметка на изгледот.