Мегафон никогаш незаборавен...

Родното Крушево подготвено да го одбележи 25 јануари, роденденот на Тоше: Сеќавање на раѓањето на ангелот

Родното Крушево подготвено да го одбележи 25 јануари, роденденот на Тоше:  Сеќавање на раѓањето на ангелот

Денес изминуваат 39 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите.

Човекот кој докажа дека музиката нема граници и кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан денес напладне со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески”.

Во спомен-куќата ќе се одржат и неколку ликовни изложби, а во официјалната програма ќе настапат „Уникат бенд” и Сара Ристеска, придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче” и од ОУ „Никола Карев”.

На неговото вечно почивалиште на Гумење ќе му биде оддадена почит на Тоше, каде и овојпат најбројни ќе бидат неговите обожаватели.

 

To top