Радио Милева

Си ја отвори душата: Тејлор Свифт проговори за болеста на својата мајка

Си ја отвори душата: Тејлор Свифт проговори за болеста на својата мајка

Популарната пејачка Тејлор Свифт откри дека на нејзината мајка и бил дијагностициран тумор на мозокот уште во времето кога се борела со рак на дојката.

Таа вели дека туморот на нејзината мајка, 62 годишната Андреа Свифт и бил откриен додека била на хемотерапии.

„Се лечеше од хемотерапии, а тоа само по себе е многу тешко. Додека беше на лекување и открија тумор на мозокот“ вели Тејлор за странските медиуми.

фото: принтскрин/јутуб

Пејачката во најновото интервју откри низ какви проблеми поминало нејзиното семејство. Тејлор вели дека тумор на мозокот е нов облик на болест за нејзиното семејство и дека поминуваат низ тежок период.

Тејлор откажа и неколку концерти за да може да биде со својата мајка. Таа истакна дека не знае што ќе се случи и како ќе организмот на нејзината мајка ќе реагира на оваа болест.

„Сите ги сакаме своите мајки, но мојата мајка мене ми е ѕвезда водилка. Со неа за се зборувам и често барам совети“  изјави пејачката.

фото: принтскрин

Тејлор на својот последен албум „The lover“  песната „Soon you’ ll ger better“ ја посвети на својата мајка.

To top