Наташа Беквалац мора на кратко да одмори од подготовките за својот концерт во Белградска Арена кој е закажан за 14 февруари, а причината за тоа е што и се слошило и итно била примена во болница, пишува ало.рс
„Сите се исплашивме поради Наташа. Не знаевме што и е. Често чувствуваше мака, имаше нагони за повраќање и се виткаше од болки. Веднаш ја однесовме во болница. Никој не можеше да верува дека доби труење од храна. Беше задржана во болница, примаше неколку инфузии, па ја пуштија на домашно лекување. И тоа и се случи кога имаше еден слободен ден, кога немаше обврски. Бевме до град и купивме брза храна. Наташа не сакаше да јаде, но ние успеавме да ја убедиме барем еднаш да го прекраши својот начин на исхрана. Инаку, Наташа пази што јаде и редовно тренира, посебно сега пред концерт. Секако, понекогаш се случува и таа се опушти, па знае да ги прекрши правилата и да јаде нешто слатко или брз храна“ тврди изворот.
За потсетување, Беквалац моментално се подготвува за нејзиниот концерт, па често е со својот тим каде ги финализираат крајните пдготовките за концертот.