Радио Милева

Таткото на Меган Маркл удри по ќерката и принцот Хари: „Ми должат за она низ што поминав“

Таткото на Меган Маркл удри по ќерката и принцот Хари: „Ми должат за она низ што поминав“

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл изнесе детали од приватниот живот на Меган и принцот Хари.

Во 90минутниот документарен филм кој беше прикажуван на Канал 5, Томас ја опишува својата потреба да ја гледа својата ќерка на телевизија додека тој оздравува од срцев удар.

Имено, тој раскажува како се чувствува што не присуствувал на свадбата кај Меган и Хари.

„Мојата ќерка изгледаше преубаво. Сакав да бидам таму со неа. Јас сум благодарен што таму беше и принцот Чарлс. Признам дека плачев поради тоа. До денес не можам да го заборавам тој момент“ изјави Томас.

фото: Принтскрин/јутуб

„Хари ми кажа: „Да ме слушаше ова немаше да се случи“. Јас му одговорив дека е штета што не починав бидејќи тогаш ќе можат да глумат дека се тажни и  ја спуштив слушалката. Јас го направив своето“ изјави Томас кој поради операција на срцето не присуствуваше на свадба кај Меган и Хари.

Томас кој со својата ќерката не зборува од мај 2018 година откри детали од нивната кавга, а принцот Хари го нарече чувствително 12 годишно момче.

„Во овој момент, тие мене ми должат. Меган ми должи. Хари ми должи. За она низ што поминав треба да бидам награден. Ќерката ми кажа дека ќе се грижи за мене кога ќе остарам. Јас сум во зрели години, време е да внимава на својот татко“ вели таткото на војвотката.

фото: принтскрин/инстаграм

Томас кој се уште го нема запознаено својот внук Арчи откри дека нејзиниот однос со ќерката е комплициран.

Хари и Меган го напуштија кралското семејство и да се повлечат од кралските должности, а Томас истакна нивната одлука е безобразна и тие стануваат „изгубени души“.

„Секое девојче сака да стане принцеза, таа стана принцеза, а сега ја одбива својата титула. Изгледа дека ја одби поради парите. Изгледа не и се доволни куќа од три милиони долари. Тоа за мене е срамота“ вели таткото на Меган.

Томас истакна дека е подготвена да сведочи против својата ќерка на суд.

To top