Синот на популарниот српски фудбалер Ѕвездан Терезиќ, Костадин и неговата избраничка Валентина за неколку месеци ќе станат родители, пишува пинк.рс
Костадин и Валентина планираат свадбата да биде во јуни во еден луксузен белградски хотел.
За потсетување, несудениот зет на Цеца веќе некое време ужива во љубовната врска со Валентина, а сега одлучија нивната врска да ја крунисат со брак.
Како што пишуваат српските медиуми, веќе започнале подготовките за свадбата.
Костадин е познат по неговата врска со Анастасија Ражнатовиќ која заврши во средината на 2016 година.
Фановите коментираат дека Анастасија и Костадин имале светла иднина, но сега наместо Анастасија свадба како од бајките ќе има неговата идна сопруга Валентина.