Радио Милева

Синот на Памела Андерсон ја даде првата изјава по повод свадбата на неговата мајка

Синот на Памела Андерсон ја даде првата изјава по повод свадбата на неговата мајка

Синот на Памела Андерсон, Брендом Томас Ли (23) вели дека е многу среќен поради тајната венчавка на неговата мајка Памела и продуцентот Џон Питерс (74).

Само неколку часа откако е откриено дека Памела тајно се омажила, нејзиниот син даде изјава за странските медиуми.

„Многу сум среќен поради мојата мајка и Џон“  вели прокоментира Брендом  и додава:

„Тие се познаваат повеќе од 35 години и им посакувам среќа во новото поглавје од животот. Многу сум среќен што подобро ќе го запознам семејството на Џон“ вели синот на Памела.

фото: ап тајнуг

За потсетување, ова е петти брак  на Памела, а таа со првиот сопруг доби две деца. За него се омажи во 1995 година иако се познаваа помалку од една недела, а нивниот прв син Брендом се роди во 1996 година.

Другиот син Далин Џегар Ли е роден во 1997 година.

Питерс и Андерсон се забавуваа пред 30 години, но својата врска ја обновија во последните месеци.

To top