Продуцентот на „Гранд продукција“, Жика Јакшиќ добил казна поради нарушување на јавниот мир бидејќи ноќта меѓу недела и понеделник пуштал гласна музика, а соседите се побуниле.
Имено, Жика славел „Свети Јован“, па во неговата куќа на Бежаниска коса ангажирал жива музика, а вознимирените соседи повикале полиција.
„Забавата започна околу 21 часот, се слушаше дека пеат Ацо Пејовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ, но соседите беа толерантни само до полноќ. Потоа, неколку соседи го замолија Жика ако може да биде потивко бидејќи имаат мали деца и не можат да спијат. Тој љубезно им одговори дека ќе ја намали музиката, но тоа не се случи“ вели извор и додава:
„Кога го изгубија трпението, соседите повикаа комунална инспекција. Соседите беа лути што нема обѕир кон малите деца и возрасните, но немаа обѕир што Жика еднаш во годината слави слава“ вели изворот.
Полицијата пристигнала на лице место и на Жика му кажале дека морале да ја исклучи музиката бидејќи во доцните вечерни часови не смее да има врева во зградата. Тогаш Жика ја исклучил музиката и забавата завршила.
„Беа луѓето, љубезно ме замолија да ја намалам музиката и јас го направив тоа. Музиката не беше толку гласна, но изгледа некој отворил прозорец во мојата куќа и затоа соседите слушнале врева. Жал ми е ако некој се почувствувал непријатно“ изјави Жика за ало.рс