Месец јануари од Новата година веќе е при крај, а пејачката Сани Гроздановска 2020 година ја почна со пакување и распакување на куферите.
Најпрвин беше во Канада каде им пееше на нашинците од дијаспората, потоа се врати во Скопје, но повторно леташе на нова дестинација, односно во Берлин.
Авантурите за Сани не завршија тука, а следно и беше патувањето на кое целосно се препушти на уживањето и релаксацијата на Златибор во Србија. Овој пат, освен својот куфер, таа ги спакува и нејзините две принцези кои со мама уживаат во зимата, чистиот воздух и снегот.
Мама Сани е згодна и секси дури и закопчана до грло додека е на снегот, а кога ќе завршат дневните снежни активности, тогаш е време за спа во хотелот каде се сместени.
Топлата облека ја заменува со бикни во кое изгледа атрактивно како и секогаш, незавино дали е постпразничен период по кој повеќето се насочени кон елиминирање на вишокот.
Сани нема таква потреба, а и самата вели дека одлично се „држи“ по празниците.
„Па добра сум после празнициве“, пишува пејачката, а очекувано следеа коментарите дека е топ риба.
Со полни батерии и позитивна енергија, следува… На работа! На труд!