Спортската активност, независно во каква форма, треба да биде наше секојдневие, но по празниците и насладувањето од полните трпези, кај повеќето се активира алармот за почесто вежбање и трошење калории и намалување килограми.
Пејачката Елена Ристеска неколкупати има изјавено дека лесно може да ги покачи килограмите, па затоа мора да внимава и да биде физички поактивна.
До неодамна, а веројатно и се уште, нејзина голема љубов беше јогата, па на својот Инстаграм често споделуваше фотографии од необичните јога пози.
Сега и се врати желбата за вежбање во теретана, а како и повеќето јавни личности, таа има личен тренер кој се грижи за правилно вежбање и постигнување резултати.
-Фитнес предизвик, еден месец- секој ден, пишува Елена во описот на фотографиите каде е во друштво на тренерот.
Во расчекор поза и со тегови во рацете, Елена го овековечи моментот, а со тоа наедно најави дека периодов почесто ќе ја гледаме во вакво издание, но и ќе гледаме промена во нејзиниот изглед.
Епа, само напред!