Пејачката Викторија Лоба живее доста возбудлив и авантуристички живот заедно со својот сакан.
Независно од сезоната, за Лоба и Ѓорѓи секој период е како создаден за патување на разни дестинации. Деновиве, како и повеќето, тие уживаат во снежата планинска идила, скијањето, убавата храна, романтиката…
Но, за нештата да бидат комплетни, не е потребно многу, туку двајца вљубени чии енергии се поклопуваат и едноставно знаат што сакаат.
Копаоник е нивната моментална дестинација, каде убавата Русинка со македонска адреса акумулира позитивна енергија најмногу од скијањето.
Бидејќи во нејзините вени тече руска крв, за Лоба студеното време не претставува никаков проблем, па од приложеното може да се види дека Викторија е вистинска снежна девојка која ја сака зимата и се’ поврзано со неа.
Но, покрај многуте зимски и снежни фотографии кои редовно ги објавува на Инстаграм, Лоба знае да смени фреквенција и да изненади со некоја секси фотографија.
На најновата позира со кожна јакна и црно здолниште со висок шлиц од кој е нагласена голата нога.
Пополарно наречената Анџелина Џоли поза, помина со многу коментари од фановите и следбениците кои и порачаа дека е вистински „оган“, но и да има барем малку милост кога објавува нешто вака секси…