Холивудската актерка Шарлиз Терон гостуваше кај Џими Кимел каде што освен за своите професионални успеси, зборуваше и за својот приватен живот.
Одговарајќи на прашањето за нејзиниот најлош љубовен состанок, Шарлиз се расплаче од смеа.
Таа имала 20 години кога била на вечера со едно момче. Подоцна, кога ја однел до дома, актерката му дала до знаење дека сака да го бакне.
„Почнавме да се бакнуваме и беше добро“, вели актерката и додава дека момчето побарало од неа да се бакнува со неговиот нос.
„Се колнам, никогаш нема тоа да го заборавам. Никогаш не запознав некој кој сака да се бакнува со нос“ вели актерката.
Водителот не се воздржал па ја прашал како заврши состанокот и дали навистина ја исполнила неговата желба.
„Ми беше навистина убаво со него и не сакав да ја уништам атмосферата, па кратко го бакнав н носот“, открила актерката и додала дека тој не бил задоволен со нејзината постапка и побарал таа навистина да се бакнува со неговиот нос