Драгана Мирковиќ на сцена и пред камерите секогаш е насмеана и позитивна и важи за една позитивна личност.
Meѓутоа, не е се така како што изгледа. Имено, медиумите во регионот објавија дека наводно пејачката до крајот на животот ќе пие лекови.
„Имам здравствени проблеми со тироидната жлезда, а се здобив со нив бидејќи молчев“ вели пејачката за „Премиера“ и додава:
„Не сакам ништо лошо, но знае да биде болно и кога кнедлата ви стои во грло и кога сакате нешто да изговорите, па не можете да кажете или да одговорите, а сите знаете и се ви е јасно и сите молчиме“ вели Мирковиќ.
За потсетување, Мирковиќ пред две години откако се сретна со Цеца на едно снимање, па по нивната средба и скандалот кој се појави во медиумите, Драгана заврши во болница.