Радио Милева

„Јас и Мустафа одлучивме да се разделиме“: Емина најпосле призна дека бракот со Мустафа заврши!

„Јас и Мустафа одлучивме да се разделиме“: Емина најпосле призна дека бракот со Мустафа заврши!

За џабе не рекле, „кај што има чад има и оган“, а по многуте приказни кои се пишуваа воп медиумите, пејачката Емина Јаховиќ реши да признае дека бракот со Мустафа Сандал пукна.

Иако во еден од српските магазини се огласи дека се што се пишува е голема лага, сепак на крај излезе дека не може да поднесе повеќе да живее во лага и на своите обожаватели да им ја открие вистината.

„Драги мои, поради љубовта и поддршката со која ме опкружувавте низ целата моја кариера, чувствувам желба и потреба да со вас секогаш бидам искрена и кога ги делам убавите работи, но и кога се во прашање оние помалку убавите делови од животот, низ кои за жал, сите понекогаш минуваме.

Затоа сакам од мене да го дознаете и ова. По 14 години заеднички живот и 10 години брак, Мустафа и јас донесовме одлука да се разделиме. Таа одлука не беше лесна, ниту беше наеднаш донесена, но беше взаемна, затоа што само после долги и отворени разговори, заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена со години, згасна.

Иако нашите животи ги продолжуваме посебно, јас на Мустафа секогаш ќе му бидам најискрен пријател и поддршка во животот, а сигурна сум дека и тој исто така ќе ми биде мене. Нашата најважна мисија е да останеме добри родители на нашите прекрасни синови, Јаман и Јавуз, и во таа мисија сме обединети и од тој пат нема да дозволиме ништо да не оттргне. Ова е прв и единствен пат да се огласам по овој повод, поради тоа што не сакав да читате погодувања низ медиумите на оваа тема, туку да ви кажам директно јас.

Ве сака вашата Емина.

 

To top