Хрватската судијка која ја донесе пресудата со која заедничкиот син на Северија Којиќ и Милан Поповиќ му го доделува само на таткото, заедно со сопругот и детето се сретнале во ист хотел во австриски ски-центар со Милан Поповиќ со синот Александар.
„Ние стигнавме во хотелот во саботата на 4-ти јануари навечер и не сум сигурна дали се сретнавме истата вечер или наредното утро сабајле во ходникот на хотелот“, признава судијката Теа Голуб и додава дека била со семејството, а тој со детето и со друштво.
„Сигурно се поздравивме 4-5 пати бидејќи се сретнувавме во истиот хотел кој има еден ресторан, но никогаш не седевме на иста маса ниту разговаравме за било што, освен што вообичаено од култура се поздравувавме“, потврдила судијката на Општинскиот суд во Загреб.
„Скијањето го уплативме уште напролет и што требаше, да си заминеме?“, рекла судијката која потврдува дека во тој хотел бил и нејзиниот колега и адвокат од Загреб, кој многумина го виделе, но вели дека освен што се поздравила со Милан Поповиќ, со него немала никаков друг облик на комуникација, ниту била во друштво во кое бил тој и заклучува дека поголемиот дел од времето била со своето семејство.
Свесна дека и колегите судии и адвокатите ја виделе во истиот хотел во кој бил и Милан Поповиќ, Голуб не се ни обидела да негира дека била во истиот хотел.