Се вели дека кога нешто е убаво, шета е да не се види, а за нашата популарна Лото девојка Марјана Станојковска тоа е девиза по која самоуверено се води.
А зошто и да не, кога Бог ја дарил со таква маркантност која ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.
Кога жената е полна со самодоверба, тогаш тоа е евидентно – баш како кај Марјана, која секојдневно плени со својата харизма и атрактивна појава, пред камерите, непосредно, но и на социјалните мрежи каде знае да предизвика „хаос“.
Секоја фотографија на Станојковска е празник за очи ама последните две ги „пореметија“ и мажите и жените кои се нејзини следбеници.
Нема маж кој не сака да гледа убава жена, а нема ниту жена која не сака да има вакви нозе за насловна страница, дури повпечаливи и од оние на Шерон Стоун во „Основен инстинкт“.
По илјадниците лајкови и низата коментари, веруваме ќе се сложите дека Марјана е неприкосновена од познатите дами кога се во прашање згодни нозе!