Пејачката Ана Николиќ деновиве ужива на одмор на Тајланд, а за луксзуниот одмор потрошила 20 000 евра, пренесува телеграф.рс
Пред да заминат на Тајланд, Ана и Тара биле во Дубаи, а бидејќи пејачката не можела да се одлучи за една дестинација, тогаш се одлучила за двете.
Ана наскоро се враќа во Србија каде што ќе продолжи да работи на албумот.
„Ана уште претходната година одлучи дека штом ќе го сними својот нов албум ќе замине на некоја егзотична дестинација со Тара. Бидејќи не можеше да се одлучи каде ќе оди, замина на две егзотични дестинации. Прво беа во Дубаи, а потоа продолжија на Тајланд. За хотел, храна и превоз, Ана потроши 20 000 евра“ тврди изворот.
„Спиејаа во најскапите хотели. Ана одморот во Дубаи го искористи за еден шопинг каде што почести себе со неколку модни парчиња. Штом ќе се врати, ќе го објави својот нов албум и ќе посвети на промоцијата. Планира да почне со настапи, па така овој одмор и е потребен за да ги наполни батериите“ вели изворот за „Информер“.
Николиќ истакна дека обожава да оди на Тајланд.
„Сакам еднаш годишно да ја посетам таа прекрасна земја. Толку многу се навикнав, па кога ќе слетам имам чувство дека се наоѓам меѓу свои пријатели“ изјави Николиќ во една прилика.
Ана неодамна ја доведе линијата до совршенство, а и на одморот тренира за да ја одржува добрата фигура.