Позната актерка Феј Данавеј (79) која е најпозната по нејзината улога во филмот „Бони и Клајд“ е фотографирана како шета во опуштено издание без грам шминка.
Актерката вчера го прослави својот 79 роденден, а фотографирана е во тренерка и со качкет на главата.
Феј кариерата ја започна во текот на 60тите, а улогата на Бони Парке и го промени животот. Пред да ја добие улогата на Бони, за истата улога се бореле и Шер, Ен Маргарет, Су Лион.
Данавеј е една од актерките која во текот на кариерата добила награди за најдобра и најлоша актерка. Таа и доби Оскар за улогата ви филмот „Network“.
Феј трипати е номинирана за Оскар, а доби и три „Златни глобуси“ за своите улоги во филм и телевизија. Таа е и сопственик на наградата „BAFTA“ и „Еми“, а добитничка е и на наградата Леопард Клуб.
Нејзиниот татко Џон беше воено лице, па актерката своето детство го помина во Сад и Европа.