Емина Јаховиќ го прослави својот 38 роденден, а посебно се воодушеви од изненадувањето кое го доби од синовите Јаман и Јавуз.
Наследниците ја израдуваа Емина со мала чоколадна торта со свеќички кои заедно ги дуваа.
Синовите заедно и отпејаа и роденденска песна, а следуваа и многу прегратки и бакнежи.
Овој момент пејачката го забележи со својата камера и се пофали на социјалните мрежи.
„Моите двајца џентламени и јас“, напиша Емина во описот на видеото.
Кон честититките се приклучија и корисниците на социјалните мрежи, а меѓу нив и Наташа Беквалац која во коментар остави срце.
„Најголемо богаство“, „Безусловна љубов“, „Честитам, прекрасни деца, среќен роденден“ се смао некои од коментарите.
Како наследниците ја изненадија својата мајка погледнете овде.