Идниот татко Вељко Ражнатовиќ неретко ја снима својата бремена сопруга Богдана, а овој пат покажа што таа јаде за ручек.
Имено, кога таа сфати дека тој ја снима, Богдана стана од столот и сесврти во профил покажувајќи го трудничкиот стомак. Меѓутоа, она што многумина изненади и предизвика бројни коментари е нејзиниот оброк – пилешки нозе.
-Што правиш сонце мое? Ангелите нека се со тебе, се пошегува Вељко со сопругата.
-Престани, се слушна женски глас во еден момент, а бидејќи е трудница многумина претпоставија дека хормоните ја тераат Богдана да јаде дури и бизарни оброци.