Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, која се омажи за дваесет години постариот Ај – Ти експерт Даниел Роквиќ во 2013 година, малку време поминува во Белград, но кога ќе пристигне ужива во луксузна вила на Врачар.
Кога се на Врачар, таа и сопругот живеат во куќа од 500 метри квадратни. Имаат три куќни помошнички затоа што само гардеробата на Дијана вреди половина куќа и треба да се одржува.
Пејачката сега планира да го реновира целиот кат и да го претвори во гардеробер.
„Целиот кат ќе биде во стакло и огледала. Ќе биде само мојата гардероба, еден ѕид за торби и еден ѕид за чевли“ – открива пејачката.
Во својата колекција, Дајана ја има „Хермесовата Биркин чанта“ во портокалова нијанса, која чини колку два стана во Белград. За таа торба, од која едната е продадена за 100.000 долари, имаше листа на чекање од дури шест години.
Пејачката купила чевли за кои вели дека имаат златни часовници „Ролекс“, а чинат 2000 евра.