Радио Милева како брат и сестра?

Познат српски хармоникаш за односот на Саша Поповиќ и Лепа Брена во „Слатки грех“: Најубавите фустани и појадок в кревет за пејачката

Познат српски хармоникаш за односот на Саша Поповиќ и Лепа Брена во „Слатки грех“: Најубавите фустани и појадок в кревет за пејачката

Српскиот „Курир – Старс“ прв напиша дека Лепа Брена и Саша Поповиќ биле „блиски“ за времето на „Слатки грех“, а еден познат хармоникаш ја открива правата вистина за нивната блискост!

„Разбирам дека на сите им се чинеше во осумдесеттите години  дека Сале и Брена се заедно, па и јас ќе поверував дека е така, добро да не ги познавам уште од тогаш, кога поминував многу време со нив“, започнува хармоникашот, пренесуваат српските „Ало“ и „Скандал“.


„Тие беа, пред сè одлични пријатели, како што поминувааа толку многу денови заедно, со текот на времето, оваа врска се засили, но не и во машко-женска интимна смисла. Саша, во меѓувреме, ја засакаБрена како да му е  сестра“ – тврди  хармоникашот и продолжува со деталите:

„На турнеите на кои беа безмалку нон-стоп, Саша се обидуваше на Брена ништо да не и недостасува. Тој секогаш ги резервираше најдобрите хотелски соби, и носеше појадок в кревет. Тој и ги купуваше најубавите фустани и костими за на  сцена, но никогаш немал намера да ја освои, зашто се сакаа еден со други како да се родени брат и сестра. И тој и неа и таа него.

Секогаш кога беше во можност и подготвуваше забавни изненадувања како на пример за нејзиниот роденден. Ќе ги ангажираше најдобрите танчерки, ќе ја набавеше најдобрата храна, пијалоци, а понекогаш тие прослави се одвиваа на скапи јахти.

Но, Брена го заслужи тоа, па и Саша преку неа на некој начин се прослави и тој едноставно сакаше да и се одолжи. Заради неговото внимание и до ден денес сите мислат дека биле во емотивна врска, колку и да се далеку од тоа таквите мислења да бидат вистинити.

Нив ги врзува само со блиска пријателска љубов и подоцна кумство, која не може ништо да ја наруши“ – заклучил хармоникашот.

To top