Актерката Амбер Херд по неколку љубовни раскинувања, започна врска со жена која е позната во филмската индустрија.
Амбер моментално е во врска со Бјанка Бјути пренесува америкасниот магазин „ТМЗ“.
Актерката која пред неколку години се разведе од Џони Деп и понатаму се суди поради насилство, навреди и клевети, а тоа не ја спречува да ужива.
Херд неодамна е фотографирана како се бакнува со Бјанка која работи како директор на фотографија.
Новата девојка на Амбер пред четири години победи рак на дојка, а претходната година болеста и се вратила.
Претходниот пат кога се бореше со оваа болест, актерот Кијану Ривс организираше кампања за собирање на финасиски средства за лекување на Бјанка.
Херд досега неколку пати отворено разговараше за тоа дека ја привлекуваат двата пола, а пред да врската со Џони Деп беше во четиригодишна врска со Тас Ван Ри.