Радио Милева

Ретка снимка се појави на Јутјуб: Погледнете ја секоја соба и детаљ од „Неверленд“ – имотот на Мајкл Џексон кој се уште се продава (видео)

Ретка снимка се појави на Јутјуб: Погледнете ја секоја соба и детаљ од „Неверленд“ – имотот на Мајкл Џексон кој се уште се продава (видео)

Имотот на починатиот американски пејач Мајкл Џексон „Неверленд ранч“ во Калифорнија минатата 2019 година по третпат беше огласен за продажба по цена од 31 милиони долари, што е за околу 100 милиони помалку од цената по која се продаваше пред четири години.

Имотот од околу илјада хектари во близина се состои од главна зграда, три куќи за гости, езеро со водопад, тениски терени, штала и други објекти за сместување на животни.

По низната скандали за сексуално злоставување на деца, Џексон уште додека беше жив го напушти „Неверленд“ и кажа дека не сака повеќе никогаш да се врати. Така и беше, Мајкл почина во 2009 година во Лос Анџелес, а „Неверленд“ остана мистерија до ден денес.

фото:принтскрин/јутјуб

Иако многупати се пишување и имаше барања за отворање на имотот за туристи, тоа никогаш не се случи.

Снимката која е објавена во 2017 година го доловува секој детаљ од секоја просторија на огромниот имот, а личноста што го објави видеото вели дека имал ретка можност и прилика да направи ваква ексклузивна снимка.

фото:принтскрин/јутјуб

„Неверленд“ е празен и воопштро не изгледа како некогаш, го нема луна паркот, животните, убавата градина, водопадите, а внатрешноста е празна без мебел но со некои ситници кои секогаш се интересни за бројните фанови на кралот на попот кој почина од преголема доза на пропофол, лек од кој сакал да се реши од неосницата, а му беше даден од личниот доктор Конрaд Мареј кој беше осуден на четири години затвор.

За потсетување, Мајкл Џексон пред смртта беше банкрот и токму од таа причина ја најави турнејата „Thi’s is it“, која не се случи.

To top