Бидејќи раскалашениот живот често го ставаше во должничка состојба и покрај тоа што тој правеше големи пари, Дарко Лазиќ решил да сврти нов лист и наводно ја вработил својата нова сопруга Марина Гагиќ.
„Марина е млада, згодна и убава девојка. Затоа и таа и Дарко дојдоа на идеја дека и таа треба да има некаква своја обврска и скромен џепарлак, па свршеницат на Лазиќ почна да рекламира гардероба на еден бутик“ – започна изворот на приказната.
„Ова им одговара на работодавците, бидејќи покрај тоа што е привлечна, Марина е и сопруга на познат пејач, што е исто така добра реклама. Освен тоа таа има и многу следбеници на Инстаграм, бидејќи редовно споделува слики и од нивните модели на својот профил и така ги рекламира“.
„Дарко како да се опамети кога станува збор за пари. Пред несреќата, тој потроши многу, додека беше во брак со Ана Севиќ. Таа не работеше никаде, на негово инсистирање, но сега сфати дека тоа било грешка. Тој сега верува дека покрај нивниот син Алексеј, Марина треба да има и дополнителна обврска за да го исполни своето време, а и нешто да заработи за себе“ – додал изворот.