Уште на прагот на 2020 година, јавните личности како од македонската, така и од регионалната сцена споија убаво и корисно, па 2020та година ја започнаа со патување.
Имено, оние кои работеа (особено естрадните уметници) за 31 декември заминаа да го трошат буџетот или повеќе/помалку од него. Додека пак, оние кои за 31 декември уживаа во домашен амбиент, ги спакуваа куферите за да ги наполнат батерииите и со убаво да им тргне годината.
Некои од македонските јавни личности, зимскиот период го искористија за да заминат на зимување и да уживаат во снежната покрива.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/podaleku-od-sekojdnevieto-i-obvrskite-mia-kostova-i-elena-stefanovska-uzivaat-vo-zimska-idila-foto/
Па така, некои се одлучија да скијат во Банско, некои да уживаат во Маврово, а некои да уживаат на Попова Шапка.
И додека сите на снег…само Љупка Митрова е “обратна“, па наместо да ужива во некој скијачки центар, таа заедно со ќерките замина во потоплите краеви.
Поточно, Љупка замина во Дубаи, а зимската опрема ја замени со соодветна облека која одговара на тамошните температури.
Митрова на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во шорцеви и ужива во топлото време.
Љупка сподели и неколку објави со кои на своите следбеници им покажа како ги полни батериите и ги посетува познатите знаминитости во Дубаи.
Исто така, во Дубаи батериите ги полни и српската дива Лепа Брена која заедно со своето семејство оваа година традициоанлно отпатува на заеднички одмор.
Брена исто така на социјалните мрежи сподели неколку фотографии откривајќи како ја поминува првата половина од јануари. Српските медиуми пишуваа дека Брена за овој одмор издвоила повеќе од 20 000 евра.
Веруваме дека и Љупка и Брена максимално ќе го искористат времето за да ги наполнат батериите за следните активности, но и дека од Дубаи ќе се вратат со полн куфер спомени и убави мигови.