Македонската ракометна репрезентација моментално се наоѓа во Австрија каде што се одвива Европско првенство 2020.
Во натпреварот со Украина, Македонија издвои победа, но во вечерашниот натпревар против репрезентацијата на Чешка, Македонија изгуби со краен резултат 27:25, a Чесите ја забележаа првата победа на ЕП 2020.
Македонските ракометари со многу труд, пот, упорност се бореа до крајот на натпреварот и сите заедно го дадоа својот максимум.
Кире Лазаров, Гоце Георгиевски, Борко Ристовски, Никола Митревски со ракометната екипа се бореа да го совладат противникот.
Гоце Георгиевски беше од особено значење во натпреварот со Чешка давајќи голови кога на Македонија и беше најпотребно.
Триесет и двегодишниот Георгиевски е во брак со сопруга Симона која воедно и е неговата најголема поддршка и го бодри во овие значајни моменти.
Гоце и Симона од бракот имаат две деца, син кој има три години, и ќерка која на 16 јануари оваа година ќе наполни една година.
Во продолжение погледнете како изгледаат сопругата и децата на Георгиевски.
фото: фејсбук/гоце георгиевски/симона георгиевска