Бијонсе во друштво на сопругот Џеј Зи се појави на 77 – то издание на доделување на „Златни глобуси“, а ни овој пат нејзиниот стајлинг не остана незабележен.
Иако сме навикнати да ја гледаме секогаш беспрекорно стилизирана, овој пат тоа не беше случај. Таа се најде на црната листа на модните стручњаци, а нејзиниот стајлинг е прогласен за тотана модна катастрофа.
Овој пат не и тргна од рака да ги освои модните критичари, ни фановите. На социјалните мрежи почнаа да кружат негативни коментари на смета на нејзината модна комбинација.
За оваа прилика, Бијонсе одбра долг црн фустан кој изгледа недовршено. Главниот детаљ на креацијата се предимензионираните ракави во златна боја.
„Изгледа дека и недостига горниот дел на фустанот“, „Со толку пари и дизајнери околу себе можеше да изгледа подобро“ се само некои од коментарите.