Саша Поповиќ го исполни ветувањеето кое го даде во една од емисиите на „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, една од желбите на Јелена Карелуша, Вики Миљковиќ, Ана Бекута, Ѓорѓе Давид, Драган Стојковиќ Босанац и Марија Шерифовиќ беше да имаат нови столчиња на кои ќе седат додека ги слушаат и оценуваат кандидатите.
„Пристигнаа новите столици за вториот круг. Поповиќ го исполни ветувањето“ стои на официјалниот Инстаграм профил на „Ѕвездите на Гранд“.
За потсетување, и оваа сезона членовите на жирито се ментори на кандидатите, а наместо продукцијата односно Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ, во секоја емисија има гост кој може да биде ментор.
И оваа година има доста македонските претставници, некои од нив се изборија да поминат во втор круг, а некои испаднаа уште на самиот почеток.