Македонското девојче, Каролина Гочева, празничните денови ги минува со најблиските, сопругот Михаил и пријателите во родната Битола.
Пејачката на ден пред крајот на 2019 година ги „почести“ своите следбеници и обожаватели со модни фотографии во духот на празниците, а во описот напиша дека е спремна за Новата Година.
Откако малку стивна еуфоријата околу прославите, на Керол во студената Битола и падна на памет како си поминуваше истиот период во 2016 година.
Тогаш, уживаше во топлото време покрај плажа на Мајами, раскомотена во бикини и со топло ветре во косата.
Помислата на лето и плажа, веројатно за момент ги „стопли“ оние што ја следат пејачката, која веројатно наместо топло ќебенце, чај и капут, посакува коктел и бикини.